Независно дали ќе слетате на аеродромите Heathrow или Gatwick, ќе имате лесен пристап до многу главни атракции во Лондон. Дури и со само 48 часовен престој, може да видите многу, благодарение на извонредниот транспортен систем на градот.

Можеби ќе сакате да ги започнете вашите истражувања на градот почнувајќи од London Eye. Највисокото тркало на Ферис во Европа, се наоѓа на Јужниот брег на реката Темза со височина од 443 метри над лондонскиот предел.

Лондонската кула е место кое со сигурност треба да го посетите, независно колку ќе престојувате во Лондон. Била изградена од страна на Вилијам Освојувачот во 11 век и низ историјата имала многу различни улоги, вклучувајќи од замок во време на војна, резиденција на монарх во време на мир и затвор за бунтовници.

Посетете ја и најголемата црква во светот на англиско говорно подрачје, Вестминстерската опатија, која не случајно беше амбиент за свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Таа е, исто така, местото каде што кралевите се крунисани и погребувани уште од 1066 година. Оваа извонредна зграда навистина мора да се види како историска манифестација на нацијата.

Бакингемската палата е дом на кралицата Елизабета Втора во Лондон, но во текот на летните месеци таа е отворена за јавноста додека таа е на одмор. Ако сте тука за време на оваа сезона, можете да се восхитувате на извонредните дела од Кралската колекција, како прекрасниот француски и англиски мебел, елегантни лустери и уметнички дела од Canaletto и Van Dyck.

Во еден од најпознатите космополитски градови на светот, вашите шопинг избори се практично бескрајни, од иконските стоковни куќи како Harrods до Fortnum & Mason и Selfridges, заедно со мултикултурните пазари.

Една од најдобрите бесплатни атракции во градот е Британскиот музеј. Британскиот музеј е светски познат музеј за историја и култура, како по архитектонскиот изглед така и по богатството од најзначајните антиквитети на планетата.

Лондон е дом на безброј ноќни клубови и барови, ако не сакате да ја поминете ноќта во некој бар, размислете за добро шоу во театарот Globe. Тоа е реплика на оригиналната зграда во која е сместен театарот на Шекспир и е направен целосно од англиски даб. Додека драмите се одржуваат во текот на дневните часови, тие исто така се закажани во вечерните часови, благодарение на помошта на внатрешните рефлектори.

Сета музика се изведува во живо исто како што било пред многу векови, без микрофони, звучници или засилување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBeyonce во прекрасно одело на Prabal Gurung!
Следна објаваИндија ја претстави нависоката статуа на светот”Статуата на единство”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР