Посетата на Токио е сон на многу луѓе, иако трошоците за патување во Јапонија честопати се многу големи.

Еве неколку причини зошто овој фантастичен град мора да се најде на вашата листа на градови кои мора да ги видите барем еднаш во вашиот живот.

Токио е метропола која се состои од 26 градови, шест градчиња и осум села кои се обединувале со векови, а се протега на над 2.000 квадратни километри.

Токио е заводлив и волшебен град. Јапонската метропола е возбудлива и интригантна. Град со илјада различни лица, примамливо хаотичен и гласен, но некако мирен во зен духот, со високи солитери и мали скриени храмови. Токио нуди голем број на знаменитости, модерен дизајн и околу неверојатни 100.000 ресторани.

Нема да верувате, но овој милионски град е толку чист, изгледа како да е токму сега изграден.

Графити е речиси невозможно да се видат на фасадите. Токио е насочен кон иднината, и тука луѓето ја почитуваат нивната околина и природа.

Веќе на првиот ден ќе забележите дека јапонците ги почитуваат правилата, така што едно од нив е стоењето  на левата страна на ескалаторите, за тие што брзаат да можат да поминат на десната страна.

Продавниците имаат асортиман од игла до локомотива. Обично не се тоа големи шопинг центри, туку мали продавници чиј асортиман ќе ве зачуди. Ќе се сретнете со работи кои никогаш не сте ги виделе во животот.

Токио нема стандардни тротоари, може да се рече дека има огромни пешачки зони.

Ќе бидете изненадени од уникатната модна сцена на градот. Од девојките Харајуку за кои пееше Гвен Стефани, “субкултура во модниот калеидоскоп”, само ќе ја зајакнат вашата љубопитност.

Колку што е познат по суши, толку и пред некое време, Токио стана познат и по своите некомерцијални трендови. Harajuku е најневообичаен крај на Токио, во кој се чувствува големото влијание на модата, музиката и културата.

На улиците ќе видите  фанки фризури, девојки облечени како кукли, пријатели кои исто се облечени или некој млад човек кој ноншалантно шета наоколу со пешкир околу вратот. Тука, младите го носат својот автентичен стил толку гордо и тоа е невозможно да не се забележи.

Останатото, мора сами да го откриете …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHarry Styles е новото заштитно лице на Gucci!
Следна објаваЕнтериери: Ода на минимализмот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР