Сликата на Zao Wou-Ki се продаде за 65 милиони долари на аукција во Хонг Конг и со тоа го постигна рекордот на најсакапо дело на Азијски уметник.

Десет метри долгиот триптих на Zao Wou-Ki, еден од најистакнатите кинески сликари на 20 век, беше продаден за 65 милиони долари на аукција во Sotheby – Хонг Конг.

“Триптих” е најголемото дело на уметникот и достигна највисока аукциска цена меѓу сите дела на починатиот кинеско-француски уметник, што ги надмина и минатогодишните 26 милиони долари, платени за неговото платно “29.01.64” на аукција во “Kристи”.

Zao  е роден во Кина во 1920 година, се пресели во Париз во 1948 година. Бил под влијание на западниот модернизам и продолжил кон апстракцијата, за повторно да се врати на кинеските техники со четки и мастило. Починал во 2013 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТри правила за здраво срце!
Следна објаваФантастична колекција на Ricardo Tisci за Burberry!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР