Откако беше именуван за нов креативен директор на модната куќа Burberry, целиот свет со нетрпение ја очекуваше првата колекција на Ricardo Tisci за познатиот моден бренд.

За време на Лондонската модна недела, италијанскиот дизајнер ја претстави својата колекција за пролет-летото 2019 сезона.

Презентацијата се состоеше од неколку различни сегменти, а вклучуваше облека за ден, вечер и некои лежерни прилики.

Модната ревија ја отвори легендарниот тренч мантил со карирана постава, следеше кожен матил во модерната кроко текстура, но сатенскиот тренч мантил, ја одушеви публиката. Потоа следеше неутрална палета на бои, модели со карнери, богати бои и неизбежниот анимал принт.

Кожни здолништа, тесни фустани, лелеави здолништа како и мини здолништата, донесоа кул “улична” мода за следната сезона. Дизајнерот ревијата ја заврши со долг црн вечерен фустан создаден во современ антички стил. Сè на сè, вистинско освежување за куќата која долго време се потпира на традиционално.

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТриптихот на Zao Wou-Ki се продаде за 65 милиони долари на аукција во Хонг Конг!
Следна објаваДекоративни идеи за маси инспирирани од есента 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР