Вечерва со почеток во 20.00 часот започнува новата сезона на македонската филхармонија. Лауреатот на престижниот натпревар Чајковски, гостинот од Франција Лука Дебарг ќе настапи со концертот за пијано и оркестар број два од Сергеј Прокофјев.

Со концертот “Ново Утро” ќе диригира маестро Јерухам Шаровски , додека нашата филхармонија по подолга пауза ќе ја изведе `Фантастичната Симфонија` од Хектор Берлиоз.

ОТВОРАЊЕ НА КОНЦЕРТНАТА СЕЗОНА 2018/2019

Диригент: Јерухам Шаровски (Израел) Солист: Лука Дебарг – пијано (Франција) Програма: С. Прокофјев: Концерт за пијано и оркестар бр. 2 во g-moll, оп. 16 Х. Берлиоз: Фантастична симфонија, оп. 14

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР