Проектот Binary House започна во 60-тите години како жолт бунгалов во Сиднеј, a по некое време целосно е трансформиран од Christopher Polly Architect, задолжени за додавање драматични павиљонски секции во позадина …

Додека оригиналната куќа предната страна ја одржува целосно приватна, задниот дел на фасадата целосно се отвора кон зелениот двор и обезбедува комбиниран начин на живот за сопствениците на куќата. Оригиналниот дом се состои од сервисни површини, но неодамна му се додадени подобрени светларници наменети за визуелно одвојување на различни функционални површини.

Куќата располага со дневна соба со дупла височина, соседна трпезарија и кујна, означена со отворена просторија за седење погоре. Додатокот ги поврзува сите простории од влезниот дел и го продолжува отворен план се до влезната врата. Новоформираниот двор помеѓу двете структури обезбедува дополнителна природна светлина и вентилација. Стаклените ѕидови исчезнуваат, проширувајќи го отворениот простор за просторот до дворот.

Декорот во куќата е финиширан со употреба на бетон, иверици, црн метал и мат камени површини. Големиот дел од стаклените површини воведуваат модерно чувство во просторот, додека кожата, разните видови на ткаенини и вештачко крзно се додаваат во ентериерот. Мебелот е модерен и многу удобен, едноставен во бои, целосно се вклопува во целата композиција и не настојува да стане доминантен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСо “Ново Утро” започнува новата сезона на македонската филхармонија!
Следна објаваНајубави простори за чување на книгите во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР