Chefchaouen е магичен син град во Мароко, дестинација која датира од 1471 година. Тесните улички водат кон калеидоскопот од живописни сини нијанси и тивкиот амбиент на оваа планинска област.

Mорате да прошетате низ уличките на овој мал град, кој е наречен “Син бисер“, за да ја разберете неговата убавина, бидејќи блескавата сина боја создава прекрасен пејзаж. Традицијата на сликање на зградите во сина боја произлегува од еврејската заедница уште во 15 век.Се сметало дека сината боја е таа што ќе ги потсетува луѓето на Божјата сила.

Невозможно е да направите лоша фотографија во овој далечен град во северозападниот регион на Мароко, бидејќи шармантната заоблена архитектура е исполнета со излив на бои.

 

Во овој град морате да застанете во еден од локалните ресторани и да ја вкусите бавно варената североафриканска чорба што ќе ви го загрее стомакот и вашето срце. Пробајте го и слаткиот чај од нане и вашето тело ќе ви биде благодарно.

Градот е препознатлив и по продавниците со рачно изработени предмети, украси и ќебиња, кожни производи и разнобојни чајници.

Погрижете се да направите кратко пешачење до шпанската џамија. Уживајте во пикник и во прекрасниот поглед на градот, што е особено спектакуларен на зајдисонце. Ако сте подготвени за отворена авантура, одете до Националниот парк Talassemtane каде што ќе стигнете до “Божјиот мост” кој се наоѓа околу 80 метри над реката. Исто така, можете да ги посетите водопадите во Cascades d’Akchour или се восхитувате на најдлабоката пештера во Мароко во Kef Toghobeit.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршени модели на чанти за оваа есен кои секогаш ќе бидат во тренд!
Следна објаваНеколку причини зошто треба да имате цвеќиња во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР