Дали постои жена која ќе ја одбие можноста да се почести себеси со нова чанта?

Без разлика дали станува збор за класичен модел или чанта изработена по мерка со  посебни барања, факт е дека чантите се модни додатоци кои ги задоволуваат потребите на сите жени. Всушност, постојат многу различни видови меѓу кои можете да изберате, да изгледате и да се чувствувате одлично кога ќе ги комбинирате со вистински фустан или некоја друга модна комбинација.

Секоја жена сака да се чувствува убава кога ќе излезе и ќе ја проектира вистинска визија за себеси кон другите. Никој не може да го побие фактот дека е добро чувство кога добивате нечија пофалба за вашиот стил или некое ново модно парче.

Имајќи го ова на ум, презентираме пет модели на торби кои можеби ќе сакате да ги купите и да ја освежите вашата гардероба за оваа есен.

Штепани чанти

Овој тип на торба има традиционална аура, која ја нема ниту еден друг модел. Поради оваа причина, сите поголеми модни брендови ги создаваат, а тие едноставно, секогаш изгледаат убаво. Користете ги за работа или носете ги со темна боја на фустани и никогаш нема да бидете разочарани.

Плико – чанта
Оваа чанта лесно може да се комбинира со секаков вид на фустани. Стилот на оваа чанта е таков што таа изгледа совршено во било која боја да ја купите – таа е минималистичка, а како што знаете, кога станува збор за класичната мода, минимализмот е секогаш во тренд.

Металик торбички
Торбичката која претставува комбинација на вистинска торба и clutch модел, ќе биде совршена за сите оние дами кои имат и негуваат истенчен стил, кога станува збор за модни додатоци. Меѓутоа, ако некогаш сакате да отидете малку подалеку од вообичаениот стил на clutch моделот, металик торбичките се совршен избор. Тие се идеални за забава и изгледаат совршено елегантно.

Clutch торбички со доминантни токи
Ова е уште еден модел кој е неопходен за секоја жена, иако можеби не е мода во овој момент. Многу години наназад, овој тип на сlutch торба е популарен поради својата елеганција и едноставност, а се нуди во бројни стилови. Мораме да напоменеме дека се идеални за сите прилики – од попладневно кафе до гала вечери.

Чанти со интересни детали
Чанти со детали во вид на необични форми, ќе ве наведат да паднете во несвест, бидејќи нема да можете да одберете само еден од нив. Ако планирате да носите цветни комбинации за облекување, чантата со сечени детали кои потсетуваат на ливчиња е дефинитивно неизбежна. Стилот со сечени детали може да биде многу шик, токму поради интригантните дезени на рабовите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBlack Flame – најдобри идеи за внесување на црната боја во ентериерот!
Следна објаваОткријте ја убавината на Chefchaouen (Синиот град) во Мароко!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР