Ако сте расположение за патување во Мексико, поточно во Тулум, сега можете да престојувате во хотел кој некогаш бил една од куќите во сопственост на озлогласениот Пабло Ескобар.

Њујоршката компанија ја претвори оваа фикција во реалност и ја претвори поранешната резиденција на нарко-шефот во луксузен хотел. Оваа куќа, сега хотел, Ескобар ја напуштил во 1993 година, а речиси една деценија подоцна била вратена на својот оригинален сопственик, Лиу Малки, кој во 2015 година ја претворил во бутик хотел.

Хотелот располага со 9 соби, има приватна плажа долга 180 метри и е во сопственост на Design Hotels. Фантастични уметнички дела и скулптури ја красат внатрешноста на хотелот, додека белите ѕидови и бетонските подови дополнително ја истакнуваат убавината на ова место. На приземјето има голем бар со црно-бела позадина, додека спиралните скали водат до убавата тераса која нуди спектакуларен поглед на околниот пејзаж.

Подземните простории на хотелот кријат сауна и базен. На имотот има уште две дополнителни сместувачки единици со вкупно 42 соби, додека во близина на плажата има и фантастична куќа на дрво, во која можете да претсојувате.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто секоја жена треба да има бело здолниште?
Следна објаваЦрната боја во есенската колекција на Liu Jo како моден императив за 2018/19!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР