Новата модна линија на брендот Liu Jo за прстојната сезона го става фокусот пред се на женственоста, а во истовреме го нагласува гламурот кој пак се базира на неприкосновената вечна црна боја.

Нивната нова кампања која својот акцент го става на еволуцијата на самиот моден бренд се истакнува преку #Hashtag#Glamourizing, што во случајов е повеќе од обичен контекст. Главната идеја која се провлекува низ целата кампања ја истакнува есенцијата на самиот бренд кој пак за главен атрибут го зема гламурот како свој најавтентичен начин.

Anna Ewers како што многумина ја нарекуваат новата Клаудија Шифер е главната протагонистка во кампањата а под будното око на угледниот фотограф Mert&Marcus.

Есенската колекција содржи софистицирани парчиња облека како што се фустани, блузи со многу тантела на нив и по некое “must have” кожено парче.

Со својот гламурозен изглед со сигурност овие интерсни парчиња на облека ќе ги освојат женските срце.

А како што е познато ништо не може да и го земе приматот на нејзиното величество “Малиот црн фустан”.

Во продолжение погледнете ги моделите на Liu Jo.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР