Диета која ве прави потенки и поумни во исто време? Да, навистина постои!
Со оглед на тоа што дозволената храна е со малку калории, туку исто така го стимулира и мозокот, новата хит диета ве прави попаметни.

Thinking диетата е комбинација на различни диети и овозможува консумирање на исклучиво здрава храна. Таа вклучува храна како што се: риби, грашок и оревчести плодови, но понекогаш можете да се наградите и со чаша вино.

Кога станува збор за диетата Thinking, важно е целосно да се избегнува  нездравата храна. Ова вклучува брза храна, црвено месо и слатки, или сите причинители за висок крвен притисок и долготрајни зачепувања на артериите со масти. Наместо тоа, исхраната се потпира на цели зрна житарки, бобинки и многу зелен зеленчук. Тоа значи храна која е ниска со масти и има хипотензивни својства.

Од една страна, таа придонесува за губење на тежината, а од друга страна влијае на менталното здравје.

За меѓуоброците кога ќе бидете гладни, оваа диета препорачува да земете оревчести плодови и чаша вино која ја стимулира циркулацијата.

Можете да ја јадете оваа храна: зеленчук, бобинки, цели зрна, живина, риба, грав, маслиново масло, вино, ореви.

Не смеете да ја јадете оваа храна: слатки, брза храна, пржена храна, црвено месо, путер и сирење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦрната боја во есенската колекција на Liu Jo како моден императив за 2018/19!
Следна објаваКолекцијата на H&M „Neo-noir chic“ инспирирана од “Twin Peaks”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР