François Auguste René Rodin се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работел во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Роден е еден од малкуте вајари кои се широко познати надвор од заедницата за визуелни уметности. Tворецот на модерната скулптура, несомнено извршил револуција во користењето на слободната форма која дотогаш била сосема непозната во уметничкиот свет. Познат како истражувач на сите можни потенцијали кои ги поседува човековото тело Роден е натуралист, кој повеќе бил заинтересиран за емоциите и карактерите на ликовите отколку за самата монументалност. Го отфрлал идеализмот и апстракцијата кои биле карактеристични за античката скуптура како и декорациите и барокните елементи.

Иако се смета за пионер на модерната скулптура, тој  сепак не бил противник  на традицијата. Во своите дела се трудел фигурите да изгледаат како да ги ги изразуваат вистинските емоции со сите делови на нивните тела.

Авангарден во своето творештво, овој великан на уметноста ги оставил своите дела во јавен домен за да можат следните генерации да се едуцираат, а вљубениците во убавото да се восхитуваат на уметничкото.

Скулптурата наречена “Адам” која е висока цели 198цм силно го изразува човековото страдање кое е предизвикано од првобитниот грев. Најпрво таа требало да биде во пар со скулптура на Ева. Делото било нарачано од тогашната француска влада и при тоа да биде поставена во Музејот на уметностите во Париз.

Светлото на денот ова ремек дело за прв пат го здогледува во 1881 година во Парискиот салон под наслов “Создавањето на човекот”. Инспирација на Роден за изработка на оваа скулптура била фреската Создавањето на Адам од Микеланџело во Сикстинската капела во Рим.

Скулптурата Адам е изработена со добро развиена мускулатура на телото, која пак укажува на огромна физичка сила наспроти идејата да се покаже еден маченик. Покажувајќи со прстот кон земјата тој сака да ја покаже поврзаноста со земјата, додека кај Микеланџело е прикажан моментот кога Семоќниот му ја пренесува божанската искра на обичниот човек. Примероци изработени од бронза посетителите може да ги видат во Art Institute of Chicago, The Musee Rodin Metropoliten Museum of rt New York.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР