Предлог кнога за читање: Моќта на љубовта од Дон Мигел Руис –  Издавачки центар ТРИ 

Уметност за мудроста на старите Толтеци

Најсреќните мигови во нашиот живот се оние во кои си играме како деца, кога пееме и танцуваме, кога истражуваме и создаваме само за забава. Прекрасно е човек да се однесува како дете, зашто детското срце е секогаш искрено и чисто. Но што се случило со возрасните и воопшто со целиот свет?

Раскажувајќи навидум обични приказни и случки, Руис ни ја открива одамна подзаборавената филозофија на живеењето според која стравот, себичноста и контролата го уништуваат речиси секој човечки однос, а препуштајќи им се на великодушноста, слободата и љубовта го создаваме најубавиот однос – вечната љубов. Пренесувајќи ни ја големата мудрост на Толтеците, Руис нè поттикнува да се свртиме кон себе си, кон своето најскришно Јас и таму одново да се пронајдеме.

Конечно, кога ќе сфатиме дека никој друг не може да нè направи среќни и дека среќата е последица на љубовта што ја чувствуваме во себе, ќе завладееме со најзначајната вештина на Толтеците, а тоа е Моќта на Љубовта.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Adam” by Auguste Rodin
Следна објаваМодерни тапети за декорација во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР