Рељеф стар 4000 години е пронајден во Перу, објави новинската агенција “Andina”. Околку три метра долг и еден метар висок овој рељеф е пронајден близу археолошкото пронаоѓалиште Vichama кое се наоѓа на околу 100км северно од главниот град Лима.
Tatiana Abad е археолог која за магазинот “El Comercio” објаснува што всушност преставува тој. Двете змии преставуваат водени божества кои ја наводнуваат земјата. Меѓу тамошното население се верува дека тогашните жители на Vichama ги изработиле овие рељефи кои пак го преставуваат сушниот период поврзан со климатските промени.
Градот Vichama е изграден помеѓу 1800 и 3500 година, а на ова археолошко пронаоѓалиште се откриени многу подземни гробници и глинени скулптури.