Како да се намали внесот на шеќер во организмот?

Како да се намали внесот на шеќер во организмот?

Експертите веруваат дека шеќерите не треба да содржат повеќе од 5 проценти од потребната дневна енергија.
Возрасните не треба да внесуваат повеќе од 30 грама (7 коцки) на шеќер дневно. Сепак, свесни сме дека внесуваме многу повеќе од дозволено.

Прочитајте ги советите како да го намалите внесот на шеќерот во организмот:

Најдете замена на шеќер
Многумина мислат дека можат да го намалат внесот на калории со замена на шеќер со вештачки засладувачи и со тоа да ја изгубат тежината без големи промени во исхраната. Сепак, истражувањата покажуваат дека вештачките засладувачи не помагаат во губење на тежината. Освен тоа, вештачките засладувачи може да предизвикаат зависност од шеќер и затоа не се препорачуваат.

Оставете ги слатките
Пред импулсивното реагирање на достапноста на слатки, треба да го проверите вашиот нагон ( дали сте гладни и желни токму тогаш или реагирате импулсивно и несвесно). Повеќето луѓе јадат слатки од навика, а не од потреба и често  претеруваат и внесуваат многу повеќе отколку што организмот им бара.

Читајте ги декларациите на производите
Ако производот содржи повеќе од 8 грама шеќер, има додатен шеќер или засладувач, а од друга страна, производите кои на декларациите немаат шеќер а се слатки, содржат природен шеќер во себе, што е добро за организомот, бидејќи тие се преработуваат поинаку од вештачките засладувачи.

Престанете да внесувате енергетски пијалоци
Половина од шеќерот кој го внесуваме во телото доаѓа од газирани и негазирани сокови, енергетски пијалаци, кафе и чаеви. Отфрлањето на вашиот омилен пијалок може да биде тешко, но се советува постепено да се намали шеќерот во слатките  пијалоци до количина на една кафена лажичка или помалку по пијалок.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDior со моќна колекција на очила Dior ColorQuake!
Следна објаваХартиени скулптури на уметник од Истанбул!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР