Palau е архипелаг кој го сочинуваат околу 200 помали природни вулкански островца. Сместен во Тихиот океан, помеѓу Јапан и Австралија,многумина го нарекуваат “рај на земјата”. Со својата божествена природа и кристално чистата вода тој привлекува илјадници туристи и посетители на годишно.

Со самото пристигнување на Палау, туристите во својот пасош добиваат документ во вид на поднесување на заклетва, со кои се обврзуваат да ја чуваат природата, а со тоа и одговорно да се однесуваат со природната околина во  земјата.

Palau  е првата земја со ваков вид на иницијатива, а се со цел да се заштити природата од несовесните туристи. Таа е 13 најмала земја на светот каде е забрането бушење со цел изнаоѓање на нафта. Годишно ја посетуваат повеќе од 200.000 туристи. За заштита на природата и другите земји би требало да земат ваков пример и да воведат ваков законик.

Уживајте во рајскиот поглед!

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР