St Lucia или Света Луција се смета за еден од најубавите острови на Карибите и тоа со целосно право …

Со своите бели песочни плажи, топли денови и луксузен животен стил, не е ни чудо што минатата година овој остров привлече повеќе од 1,1 милион посетители. Сепак, Света Луција и неговите all-inclusive хотели, понекогаш можат да ја засенат другата понуда на овој остров, како што се убавите пејзажи и голем број атракции. Срамота е што се смета за хотелски остров, кога всушност е многу повеќе од тоа.

Света Луција се наоѓа во Средна Америка и е дел од Малите Антили. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западо се наоѓа Карипското Море. На север од државата се наоѓа Свети Винцент и Гренадините, северозападно е Барбадос и јужно е зависниот остров Мартиник. Вкупната површина на Света Луција е 620 километри квадратни каде живеат околу 173.765 жители.

Вулканскиот остров Света Луција е со најмногу планини одошто кој и да било останат карипски остров. Највисок врв во Света Луција е Маунт Гими со 950 метри надморска височина. Главен град на државата е Кастри каде живее една третина од населението. Климата во Света Луција е тропска, со повремени ветрови.

Дури 77% од овој остров е исполнет со прашуми, што е значително повеќе во споредба со неговите соседи на Карибите, така што можностите за истражување на дивиот свет се наметнуваат самите.

Најдобрите забави и ноќен живот тука се одржуваат во рибарското село Gros Islet, каде што секогаш се организираат забави на улиците во петоците навечер, а потоа  ќе имате можност да ги почувствувате вкусната риба и пилешкото, познатиот рум и пиво, како и да уживате во тоновите на карипската музика. Исто така, таму се наоѓа и Treasure Bay Casino, како и изобилство на многу интересни барови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПознатиот пијанист Александар Маџар вечерва на „Охридско лето“
Следна објаваPalau-“забранетиот” влез во рајот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР