Имагинациската и ирационалната компонента во уметноста посебно во надреализмот отсекогаш ги проучувала и воедно ги пренесувала на сликарските платна тајните предели на човековата душа. Надреалистите ги насочувале своите напори кон истражување на најдлабоките делови на човечката психа за која пак самите верувале дека е потисната од постоечките друштвени притисоци.

Една од најпознатите сликарки на суреализмот е американската уметница Dorothea Tanning која слично како и Salvador Dali ги комбинирала фигуративниот реализам и симболичкото надреално. Тоа можеме да го видиме на сликарското платно насловено како “Аватар”.

Овде е преставена млада жена во скината облека која лебди над спалната соба. До нејзе е преставен уште една женска обезглавена фигура која заедно со нејзе лебди на трапезот. Во долниот дел се наоѓа врата која наговестува излез на младата жена и враќање во реалноста. Делото го карактеризира кинетичка енергија а во истовреме е прикажано верувањето во динамиката и флуксот.

 Dorothea Tanning,Avatar | 1947 | Oil on canvas

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР