Торбата Dior Saddle дебитираше во колекцијата пролет / лето 2000, а беше дизајнирана од поранешниот креативен директор Џон Галијано.

Тој својата инспирација ја најде во светот на коњите и ја осмисли торбата која привлече големо внимание, веднаш по првото појавување и стана дел од модните комбинации на многу познати личности.

Сега, кога трендовите од 1990-тите и 2000-тите се враќаат на површината, Марија Грација Кјури, актуелниот креативен директор на познатиот моден тренд, ни претставува нејзината варијанта на оваа шик-мини-торба. Таа нуди варијанта со бохо детали, како и бројни современи дизајни од кожа, кои имаат украсен ремен за носење преку рамото.

“Мислев дека оваа колекција ќе биде одлична можност за заживување на оваа безвременска убавина. Јас лично ја сметам за икона на нашата модна куќа, или на поновата историја. Всушност, ова е торба која се носи секојдневно, исто како кошула или јакна, а толку е удобна, што практично може да заборавите дека е со вас. Поради оваа причина, сакав таа да биде малку поголема и поробусна, но исто така исполнета со бои, реси, како камелеон кој се прилагодува на сите ситуации “, изјави Кјури.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеверојатни пејсажи Foodscapes, креирани од храна!
Следна објава“Avatar”- Dorothea Tanning!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР