Како дете, можеби сте верувале дека Месечината е направена од швајцарски сирења или сте сонувале да посетите некој магичен свет на слатки ..

Не можеме да ви подариме пат до Месечината, но можеме да ве запознаеме со шармантниот свет кој ги комбинира уметноста и храната во режија на Карл Варнер.

Овој уметник користи секојдневни состојки за да создаде пејзажи кои се јадат, а ни изгледаат прилично познати. Оваа серија, пригодно наречена Foodscapes, ја комбинира неверојатната имагинација на овој уметник со неговиот неверојатен талент кога станува збор за фотографирање на храна.

Варнер почнал да ја создава серијата “Foodscapes”, кога ја видел печурката Portobello на пазарот. Како што вели, “Ја свртев кон светлината и замислив дека таа е некакво чудно дрво од вонземниот свет. Ја однесов во моето студио и со малку грав и ориз, го создадов мојот прв пејзаж “.

Десет години подоцна, Варнер во своето портфолио има многу шармантни пејзажи креирани со помош на храна кои ги изложувал низ целиот свет, соработувајќи со бројни рекламни агенции, а работеше и на промоција на здрава храна.

Секој “пејзаж” е рачно направен во неговото лондонско студио. Уметникот прво ја скицира својота композиција, а потоа работи со тим на макетари и стилисти за храна  два или три дена, за да го креира секој сет.

“Најмногу сум инспириран од конвенционалните пејзажи, кои ги создавам со класични техники и на тој начин ги наведувам моите набљудувачи да мислат дека тоа е вистинската сцена на прв поглед. Кога ќе сфатат дека тоа е всушност направено од храна – јас сум воодушевен од нивните реакции “, изјавил уметникот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаш денешен подарок за вас – разубавете го летото со најдобри совети!
Следна објаваDior Saddle – повторно на модната сцена!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР