Во својата најголема и најчиста форма, добриот фенг шуи ја означува совршената рамнотежа помеѓу внатрешниот и надворешниот свет …

Од древни времиња, на луѓето им било важно да живеат во хармонија со природата или не би можеле да преживеат. Денес, чувството на дисконекција помеѓу личноста и природната средина станува неподносливо. Ваквото животно опкружување настојува да ја одржи стагнацијата на енергија, како на нашето тело, така и на просторот.

Во оваа древна филозофија, летото се поврзува со славата и репутацијата, односно со овие аспекти на нашите животи.

Тоа вклучува позитивно признавање, почит и восхит од колегите, семејството и пријателите. Судејќи според Bagua, фенг шуи мапата на нашите домови, славата и угледот се секторите сместени во средниот дел на вашиот дом или канцеларијата и се претставени со елементите на огнот..

Ви претставуваме некои од најдобрите совети кои можат да ви помогнат да ја внесете енергијата на оган во овие секции од вашиот дом:

– Украсете го вашиот простор со свеќи и топли бои, предмети од црвена и портокалова боја.

Акцентирајте со дрвени елементи, бидејќи овој материјал на огнот му претставува гориво. Внесете ги растенијата, колор креиран од дрво или слика од шума.

– Поставете неколку објекти од бамбус или кактус, во работниот дел на вашиот дом или канцеларија, за да му додадете повеќе јанг на огнот.

– Додајте и на декорацијата некој ваш трофеј или награда и поставете ги во овој простор.

– Закачете црвени кристали во средина на вашиот деловен простор, за да ја активирате страста и креативната енергија во нив.

– Што е најважно, вашиот среден дел од домот треба да биде целосно ослободен од било каков вишок, за да дозволите чи да тече непречено.

Креирањето на противречности и поларитети е исто така многу важно за да се одржат сите елементи во рамнотежата.

На пример, кога најмногу сакате да испиете шоља топло чоколадо или да почувствувате топлина од каминот? Веројатно само во зима. Од друга страна, кога најмногу би сакале да го спуштите погледот на ладен син базен? Во текот на жешкото лето, се разбира.

Затоа, ако елементите на оган стануваат премногу за вас, за време на летото и се чувствувате претерано исцрпено или иритирано, секогаш можете да ги балансирате во вашиот дом или канцеларија, а сега ние ќе ви претставиме некои од најдобрите начини:

Заменете ја постелнината или чаршавите за маса со постудени бои, како светло виолетова или сина.

– Поставете мала фонтана во еден дел од вашиот ентериер, или во бауга секцијата поврзана со кариерата, претставена со водени елементи.

– Ако поставите фонтана надвор од вашата куќа, погрижете се водата да тече кон влезната врата, за да го претставува изобилството што се движи кон вас, а не од вас.

Наполнете го вашиот дом со зелени растенија. Во текот на летото, ние често ги држиме затворени прозорците, а климите вклучени. Живите растенија можат да ги отстранат сите токсини од внатрешноста и да ја балансираат летната топлина, студот и енергијата од земјата.

Украсете го вашиот дом со кристали. Виолетовите се идеални за разладување и смирување на напнати емотивни состојби, отстранувајќи ги сите негативни и енергии на стагнација.

Пред се, обидете се да се забавувате со фенг шуи. Оваа прекрасна и древна филозофија има толку многу аспекти што понекогаш зафаќа многу време за сите да се апсорбираат во еден фасцинантен концепт. За време на учењето, едноставно создадете неколку постепени промени, се додека вашиот животен или работен простор не стане совршен за вас.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕлемeнети за кујна инспирирани од уметноста!
Следна објаваНеверојатни пејсажи Foodscapes, креирани од храна!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР