Иако нашата милениумска ера е преполна со возбудливи апарати како што се  iPhone апарати, дронови, автономни возила и домови кои може да се контролираат преку една апликација, сепак истражувачите откриле дека растенијата се најважните работи што може да ги имаме во нашиот простор.

Најновите истражувања потврдија дека луѓето со висок степен на стрес дополнително ја влошуваат нивната состојба кога се отстранети од околината која ја краси природата, што уште повеќе ја нагласува важноста на смирувачкиот соживот со природниот свет. Поради оваа причина, здравите домови можат уште повеќе да го подобрат нашето духовно здравје, но, исто така и физичкото.

Не само што природата може да го подобри нашето ментално здравје, туку и ја стимулира нашата креативност. Во најновата научна дисертација, психологот Дејвид Стрејер од Универзитетот во Јута демонстрираше дека просечниот човечки мозок добива силни влијанија од современиот начин на живот и неговото брзо темпо, исполнето со технолошки пречки. Кога ќе се поставиме во средина која не изолира од такви работи, почнуваме вистински да се чувствуваме слободно да размислуваме и конечно ќе почувствуваме физичко заживување и севкупно подобрување на нашите ментални перформанси.

Градскиот живот се живее под голем стрес. Скапоцени домови, високи сметки, зафатен општествен живот, барање подобро платена работа, хаотични распореди, а оваа слика, за жал, продолжува во недоглед.

Бројни дизајнери на ентериери тврдат дека внесувањето на природата во нашиот ентериер претставува буџетски мал, но совршен начин за борба против овој хаотичен животен стил. Собните растенија го подобрување квалитетот на нашиот воздух и ни создаваат почист кислород, ја регулирааат влагата и го апсорбираат јаглерод диоксидот. Тие исто така, можат да апсорбираат големи количини на органски материи, вклучувајќи и група на хемикалии кои можат сериозно да го нарушат нашето здравје.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Avatar”- Dorothea Tanning!
Следна објаваЕпска кампања на VERSACE за есен/зима 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР