Oskar Schlemmer(1888-1943) е германски сликар, вајар, дизајнер и кореограф, познат како еден од водечките фигури на `Bauhaus` движењето. Неговиот придонес во индивидуалниот развој и откривањето на нови тенденции во кореографијата на танцот е огромен и многу значаен, бидејќи  влијанието можеме да го сретнеме и во  поновото време односно во начинот на кој се прават денешните танцови движења на современите уметници.

Тој сметал за за танц се потребни тројца, а не двајца како што е општоприфатено правило. Инспириран од делото на композиторот Schoenberg-(Pierrot Lunaire), во периодот помеѓу двете светски војни Schlemmer започнува да го перцепира балетот од една друга перспектива како посебен дел од театарот.

Неговото најпознато дело `Ballett triadique` e за прв пат изведено во 1922 година во Штудгард, покажувајќи авангардни тенденции кои се присутни до денес. Во овој балет изведувачите односно човечките тела се преставвени во различни геометриски форми, а целта на уметникот е да го престави човековото тело како машина која наместо правејќи вообичаени кружни движења може да создава и геометриски или аголни форми на движења а при тоа соединувајќи ги дионизиското (емотивното) и аполонското (формата) кај танчерите. Балетот `Тријада` подразбира игра на двајца мажи и една жена што многу потсетува на случајот на брачниот пар Брик преставени во едно од делата на писателот Мајаковски.

Triadisches Ballett von Oskar Schlemmer – Bauhaus

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР