? Рајмонда“ е балет во два чина од Александар Глазунов. За првпат Светската премиера на балетот е одржана во Маринскиот театар во Санкт Петербург, во јануари, 1898 година. Либретото за балетот „Рајмонда“ е базирано на типичната драматургија која го обележува времето на Романтизмот. Во драмите (приказните) на овој уметнички правец доминираат темите за јунаштвото, благородништвото, љубовта, достоинството, честа и т.н. Во „Рајмонда“ тоа е Белата Дама со нејзиниот Бел Шал, инаку покровителка на благородничкото семејство на младата грофица Рајмонда де Дорис. Таа „секогаш“ е тука за да ја спаси честа на аристократите. Дилемата на младата грофица Рајмонда, кого да одбере за брачен сопатник, славниот благороднички рицар Жан де Бриен, или гордиот и властољубив сараценски јунак Абдерахман, Белата Дама, ја разрешува во корист на де Бриен. На 29.10 2022 вљубениците во балетската уметност ќе уживаат во изведбата на нашите врвни балетски играчи, во главните улоги ќе настапат Рајмонда: Марија Кичевска Шокаровска, Мими Поп Алексова Атанасовска
Жан де Бриен: Балаж Лочеи (Унгарија), Франциско Хименес Руиз (Шпанија)
Абдурахман: Васил Чичиашвили (Грузија)
________________________________________
Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Сценограф: Андреј Злобин (Украина)
Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)
Репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Билјана Пашариковска,Наташа Јосифовска,Олга Панго и Дафина Данилоска-Кочевска
Концерт мајстор:Верица Ламбевска
Билети може да се купат на билетарницата во НОБ.
Александар Константинович Глазунов (Алекса́ндр Константи́нович Глазуно́в, 10 август 1865 – 21 март 1936) бил руски композитор, професор по музика и диригент. Бил директор на Конзерваториумот во Санкт Петербург помеѓу 1905 и 1928 година и бил клучен во реорганизацијата на институтот во Петроградски конзерваториум, потоа Ленинградски конзерваториум, по Болшевичка револуција. Тој продолжил да работи како шеф на Конзерваториумот до 1930 година, иако го напуштил Советскиот Сојуз во 1928 година и не се вратил никогаш. Најпознатиот студент под неговиот мандат за време на раните советски години му бил Дмитриј Шостаковиќ.