На 29 април 2020 се одбележува Меѓународниот ден на танцот. По тој повод ги споделуваме следниве информации за ваша натамошна објава и поддршка на нашите активности:

Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ Центар го избра Александар Хаџиманов (танчер, кореограф и танцов едукатор, МОБ Скопје) за автор на македонската порака по повод денот на танцот.

<><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><><>

Александар Хаџиманов – (балетски педагог и солист на балетот, МОБ Скопје).

Танцот датира од почетокот на праисторијата и е наменет да се умилостиват боговите, да подарат подобро време и доволно храна. Грчкиот театар се појавува 500 год. п.н.е. со „Дитираме“ кој се состои од песни и танци. Во Рим, 20 год. п.н.е. , се прикажуваат пантомимски претстави во соло изведби, кои со помош на музика, костими, маски претставуваат цели трагедии или митови. Понатаму танцот е застапен преку костимирани изведувачи на улици, како и одредени свечености,сценски прилагодени верзии на општествени танци од тоа време, за во втората половина од ХVII век во Париз биде отворена балетската академија, од кога балетот станува професионална уметност. Зависно од социјалните, политичките и економските услови, секоја епоха понудува соодветна форма на претставување на уметноста на танцот, кој е во непрекинат развој, на пример, дворскиот балет го карактеризира раскошен костим, симпатичност, достоинствен и одмерен настап. Понатаму на сцената се поставуваат претстави во кои се вклучени содржина и чувства. Романтичниот балет, во кој се игра на врвовите од прстите, истакнува лирска и етерична игра на балерината, а класичното наследство на академскиот балет е застапено до денес. Претставувањето на слободни танци и отстапувањето од класичните форми со појавата на нео-романтизмот ја отвара епохата на модерниот танц кој го отфрла традиционалниот принцип на класичниот балет; открива други облици на движење, прилагодени на современиот живот и ја поттикнува креативноста и чувството на поединецот за сопственото искажување.
Инвентивноста и посветеноста понатаму ќе ни донесат уште многу нови нешта во танцот, а нам ни преостанува да се препуштиме на доживувањето; и за крај ќе го цитирам Жан Жорж Новер: „танцот го споредувам со најубавото во природатата.“

 

Фото сесија со Александар Хаџиманов, направена од фотографот Дејан Колевски. https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=album&album_id=3735810686461649
Фотографиите се во сопственост на нашиот Центар, ве молиме слободно да ги користите во вашите објави.

Меѓународниот одбор на мрежата на ИТИ УНЕСКО го избра јужно африканскиот кореограф, танчер, танцов едукатор и актер Грегори Макома, за автор на светската порака.

Во атачмент ги споделуваме неговата порака со кратка биографија преведени на македонски јазик од страна на д-р Иванка Апостолова – програмски продуцент, книжевен преведувач и раководител на Македонскиот ИТИ центар.

Колегата Сотир Трајков (новинар и театарски критичар, член на Програмскиот одбор на Македонскиот ИТИ центар) изведе видео читање на светската порака, за македонската јавност.

Линк до видеото. https://www.youtube.com/watch?v=5QngYWdKhc0&fbclid=IwAR1OZwuYg8RdQ2o1l8J10eIO9xMEgimy_3kChq5dezDOR1qhKlSGSn-83Dk

На следниве веб страни ќе дознаете повеќе информации за историјата на Меѓународниот ден на танцот.

https://www.iti-worldwide.org/danceday.html
https://www.international-dance-day.org/

Организатори и продукција: Македонски центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА
Покровители: Министерството за култура на РС Македонија
Меѓународниот ден на танцот е дел од годишната програма на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА – Сирота мала богата драма 2020 (Успонот и падот на драмата).

Почитувани, однапред ви благодариме за вашето внимание и соработка.

Со почит,

Екипата на Македонскиот ИТИ центар

Вебсајт . https://www.iti-worldwide.org/macedonia.html
Фејсбук. https://www.facebook.com/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute
Јутуб.https://www.youtube.com/channel/UCdiN20fUtY067-_TWkeJMbQ/videos

 

(Интелигенцијата е често мерена според способноста за брзо донесување одлуки (за дел од секунда) а такви одлуки имаме при танцување).

Меѓународниот ден на танцот беше востановен во 1982 година од страна на Интернационалниот совет за танц (CID, Conseil International de la Danse), партнер на УНЕСКО, и се слави секоја година на 29 април. Главната цел на настаните кои се одржуваат на Денот на танцот е да се привлече вниманието на пошироката јавност кон уметноста на танцот.

 

Благодарност за отстапениот материјал до Др. Иванка Апостолова Башкар- програмски продуцент, книжевен преведувач и раководител на Македонскиот ИТИ центар.

НЕМА КОМЕНТАРИ