До неодамна, позната како Војвотката од Сасекс, а наскоро повторно како актерка, Меган Маркл е промотор на здрав начин на живот. Покрај секојдневната јога, прошетките во природа со сопругот принцот Хари и синот Арчи, таа тврди дека долго време не јадела брза храна, туку одбира само органски одгледувана и сезонска храна.

Во едно интервју, таа откри дека претпочита да пие смути од боровинки за појадок или да јаде чинија шумско овошје со мед, а кога сака брзо решение за гладот, со години избирала зелен смути со многу зеленчук. „Тоа е брза и здрава храна“, вели Меган. Во време на пандемија и зголемена загриженост за имунитетот, го дознавме нејзиниот омилен рецепт за смути, кој ќе го споделиме со вас.

Сите состојки што ви требаат можете да ги најдете во продавниците за здрава храна и супермаркетите, а ако пропуштите некои, не грижете се, бидејќи овошјето е најважната состојка.

1 пакетче протеински прав по ваш избор
половина шоља замрзнати боровинки
1 лажичка цимет
1 лажичка чија семе
половина шоља бадемово млеко
половина шоља кокосова вода
Измешајте ги сите состојки во блендер и уживајте во вистински вкусен смути.

НЕМА КОМЕНТАРИ