На 20 јануари во Националната Опера и Балет, посетителите ќе имаат можност да уживаат во изведбата на  Современа балетска бајка ‘ПЕПЕЛАШКА‘ од Сергеј Прокофјев. Претставата ќе започне во 20.00 часот. Кореограф на претставата еАлександар Илиќ (Србија), костимограф: Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф: Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), дизајн на светло: Милчо Александров, асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), асистент-костимограф: Ангела Богеска, репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.

__________________________________

?️?️?️ НАСТАПУВААТ:

ПЕПЕЛАШКА: Христина Наќевска, Биби Басмаџиева Ковачевски

ПРИНЦ: Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски

ВИЛА АНГЕЛ: Саша Евтимова

МАЌЕА: Марија Јосифовска Ристовска, Цветанка Максимоска

СЕСТРИ: Ендру Кук, Кристијан Јангос

ТATKO: Драган Кочоски

МАЛА ПЕПЕЛАШКА: Гала Кочевска

Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

*******************************************

? Краток синопсис „Пепелашка“

….И живееја среќно до крајот на животот, затоа што љубовта е во воздухот….но, пред тоа би требало и да се запознаат….

Во еден мал, но познат град, на главниот плоштад, каде што се наоѓа споменикот„ Вила Срце“, се среќаваат пријатели, се заљубуваат момчиња во девојки, оџачарот прави пауза во својот распоред, а едно девојче по име Пепелашка во нежните дланки, носи куфер преполн со соништа. Чекајки го својот татко, кој и има испратено писмо, се радува на средбата и одењето во заедничкиот топол дом, дом во кој никој не ја сака, но соништата не ја напуштаат.

Со помош на мудрите Вили и малку магија, таа е спремна за бал на кој не е повикана. На балот е омилената и најубава девојка, во која сите момчиња се вљубени, таму е и тој вистинскиот – нејзиниот принц од соништата.

Правилото е дека сите добри девојки мораат пред полноќ да бидат во своите домови.

Опиена од танц, смеа, од принцот и неговото друштво, заборава на времето и точно на полноќ почнува лошиот сон.

Во Вителот на танцот, отчукува полноќ, Пепелашка го губи својот принц, својот разум, но и едниот чевел.

Принцот случајно го наоѓа чевелот, но тој не го знае името на девојката, ниту каде таа живее.

Објавува потрага во градот за девојката која го изгубила чевелот, со ветување дека ако ја пронајде девојката, ќе се ожени со неа и таа ќе стане принцеза….

Дали приказната имаше среќен крај, тоа тогаш не го знаеше ниту Вилата Срце, бидејќи сите девојки загубија по еден чевел, верувајќи во своите желби и соништа.

ФБ НАСТАН НА НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ.

НЕМА КОМЕНТАРИ