Сао Паоло, Бразил

Сао Паоло е најголемиот град во Бразил. Таму ќе се сретнете со неверојатната разноликост на уметноста, културната сцена и кулинарство, така што на моменти ќе сфатите дека бил во право тој што кажал  “Лондон во врска со Сао Паоло, е како село” …

Тука ноќниот живот е приказна сама за себе. Има околу 15.000 барови во градот, а овој град е набиен со толку силна позитивна енергија што веројатно се должи на разновидноста на културите која ја донеле доселениците. Тука живеат повеќе од еден милион Германци, како и најголемата популација на Јапонци и Италијанци во дијаспората.

Не пропуштајте да го пропуштите делот Jardins , кој е рај за Епикурејците.

Еден фантастичен микс, ете тоа е накратко Сао Паоло.

Буенос Аирес, Аргентина

Познат како главен град на Јужна Америка, овој динамичен град е главната дестинација за секој кој патува во Аргенитина. Богат ноќен живот, просперитетен град и атлантскиот брег со прекрасните плажи, го прават ова неверојатно место вредно за вашата посета.

Обавезно да го посетите најстарото кафуле во градот – Cafe Tortoni. Театарот Colon, дел од градот од 1908 година е уште едно место кое е вредно да се види. Не заборавајте на живописните населби, како што е La Boca, каде што ќе наидете на силно италијанско влијание од првите емигранти од Џенова.

Буенос Аирес е еден од најубавите градови на светот со архитектура која ги комбинира влијанијата на Мадрид, Париз и Барселона (необарок, еклектицизам, француски неокласицизам, Арт Нуво) со геометриски планирани улици и плоштади украсени со споменици и пространи зелени површини.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШопинг: Tоп 10 летни модни додатоци пред да заминете на одмор!
Следна објаваОтворена изложба на патики на Naomi Campbell и Kate Moss во добротворни цели!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР