Спортскиот бренд Адидас е познат по својата соработка со најголемите светски ѕвезди, кои секоја сезона дизајнираат некој модел на патики.

Супер моделите Наоми Кемпбел и Кејт Мос ги презентираа своите верзии на класичниот модел патики на Адидас Самба за поддршка на ЛГБТ заедницата.

Иницијатор и куратор на проектот е британскиот DJ Fat Tony. Моделот на Адидас патиките Самба се појави за прв пат во 1950-тите, а сега е претставен во нов, модерен модел.

Naomi Campbell

Целата линија на патики ќе биде изложена во галеријата HENI во Лондон, која започнува денес и ќе трае 6 дена.

Сите средства ќе бидат испратени до добротворниот фонд Алберт Кенеди Траст, кој обезбедува поддршка и помош на ЛГБТ лицата кои можат да останат без покрив над главите.

 Kate Moss

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЈужна Америка: Сао Паоло и Буенос Аирес градови кои треба да се посетат!
Следна објаваPatrick Dykstra, човекот кој успеа да плива во друштво на китови!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР