Најголемото име на ренесансата и воопшто во светската уметност е несомнено големиот Микеланџело Буонароти. Неговите дела не се само моментална инспирација преточена во дело, туку се спој на техника, спознание и секако на инспрација. Покрај совршената надворешна убавина, неговите дела се резултат на огромното познавање на уметничките канони. Во нив се содржани математичките пропорции но и филозофските мисли кои патем и даваат соджина на постоечката форма.

Сликите на пророците на сводот на Систинската капела се насликани диспропорционално со тоа што набљудувачкото око може да ги гледа пропорционално. Секоја фигура, секој лик има своја “скриена” геометриска форма и божествен број кој ја назначува својата внатрешна хамонија. Освен што бил сликар, вајар, инжинер помалку е познат фактот дека Микеланџело бил и поет. На прашањето од каде црпи инспирација, тој ќе рече; “Идеите се природна состојбана духот, како што е дишењето природно за белите дробови”.

Фиренца е центарот на европската уметност каде што уште оддамнина Етрурците ги граделе палатите, храмовите и тврдините од камен. Со текот на времето во овој град почнала да се развива и трговијата и уметноста и тоа под покровителство на семејството Медичи. Во овој период поточно на 6 март 1475 година е роден великанот на светската уметност Микеланџело. Неговата љубов пррема изработка на скулптури од камен потекнува од неговиот татко кој и самиот бил клесар.

Scalpellino е изразот со кој се нарекувале тогашните мајстори кој изработувале градби од камен. Така наречената “клесарска азбука” секогаш го следи истиот ритам на чеканот, а тој е седум број на удари едно по друго четири одмор.

Постоело мислење дека секој камен поседува свој уникатен карактер, потребно е да слушне внимателно што сака каменот да каже во спротивно тој се претвора во нешто беживотно и неубаво. Каменот со сила може да уништи но не и да се покори. Единствено може да се создаде убаво уметничко дело само ако се работи со љубов.

Лудовико, таткото на Микеланџело сакал неговиот син да биде банкар и се спротиставувал на идејата тој да се занимава со уметност. Го запишал во банкарското училиште во Urbino, но се што научил Микеланџело во ова школо е цртањето. Набргу потоа тој се запишува во уметничкото школо кое било под патронат на Domenico Chirlandaia, чие мото било само природата е совршен водач во уметноста. По само една година престој во ова школо тој бил повикан од страна на Lorenzo Medici да го подучува последниот Донателов ученик Bertold di Giovanni. Од тој момент Микеланџело се сели во вилата Медичи. Во наредните неколку години била основана познатата фирентинска академија “Cosimo di Medici” каде што учеле најголемите умови на тоа време.

Со падот на Фирентиската држава За Микеланџело исчезнува едно убаво време, но тој е бестрашени не се предава. Единствениот негов страв бил од просечноста. Сакл да направи нешто грандиозно по што ќе остане запаметен. По повик на тогашниот папа Јулије II тој започнува со работа на фрески во Сикстинската капела. Но, по завршувањето со сликањето тој не бил задоволен од сработеното и без дозвола на папата ги избришал фреските и си заминал. Ова му го простил папата, и следните четири години тој ги поминува под сводот на капелата цртајќи.

Делата на Микеланџело не се само неми сведоштва на едно време, тие се живи творби кои и после пет века ја прераскажуваат својата приказна. Скулптурата на Давид на пример не е само една обична библиска приказна за едно јуначко дело туку таа е приказна за обичниот човек исправен пред предизвикот дали да се спротистави за злото и да се бори.

Една тосканска поговорка вели; “Кој работи со камен треба ја има и неговата природа, однадвор груб, а одвнатре ведар и нежен”.

“Genius is eternal patience.”-Michelangelo Buonarroti

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР