Ако барате остров во Грција каде што ќе најдете мир и засолниште од ордата на туристите за време на летото, можеби Folegandros е вистинскиот избор за вас. Но, побрзајте. Приказната за овој остров веќе е позната и голем број на туристи покажуваат голем интерес да го посетат.

Магичниот Folegnadros е мал грчки остров на архипелагот Киклади, со само 32 квадратни километри површина и само 650 жители.

Folegandros може многу малку да им понуди на разгалените туристи во смисла на организирани спортски активности, дискотеки или луд ноќен живот. Но, недостатокот на ноќен живот не значи недостаток на добри ресторани, кафе барови или луксузно сместување. Во оваа смисла, овој остров е навистина ексклузивен. Центар на островот е градот Хора, кој се наоѓа на рид опкружен со карпи.

Истражете ја руралната област на островот и селските куќи во градот Ано Мерија, кој се наоѓа на околу 5 километри од центарот на Хора. Ано Мерија е втор по големина град на островот, а пејзажите и архитектурата се малку поинакви од самиот центар на островот. Таму се наоѓаат традиционалните селски куќи. Ако сте склони кон авантура, одете до светилникот  Аспропоунт, кој беше подигнат пред 97 години.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFendi го објави каталогот за колекцијата Resort 2019 година!
Следна објаваНов тренд: Модерна шумска куќа!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР