Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Нинослав Антоски

Нинослав Антоски себеси се смета за аматер кој се стреми кон професионализам. Негов најголем предизвик е фотографирање на портрети.

Победничката фотографија е направена во Белград со професионален апарат, а е едитирана со Lightroom и некои од алатките на Instagram.

Kонтакт со Нинослав можете да воспоставите преку неговиот Instagram.

Image may contain: sky

 

Огнен Бојковски

Огнен Бојковски се занимава со професионална фотографија веќе 10 години, а омилен правец му е „landscape“ фотографијата, додека најголем предизвик му е да ја фотографира природата, поради нејзината честа преобразба и проникливост.

Победничката фотографија е направена во Маврово со дрон dji spark од околу 120 метри висина, а објектот кој се гледа е црквата св. Никола.

Контакт со Огнен можете да остварите преку FacebookInstagram или преку неговиот вебсајт.

Image may contain: outdoor and water

Мила Станоеска

Image may contain: 1 person, close-up

Мила Станоеска е фотограф аматер која преку фотографијата се релаксира од секојдневните обврски, а инспирацијата ја црпи од уличните сцени и урбаната архитектура. Зад себе има учество на неколку хуманитарни изложби, а била и член на жирото најубавата Инстаграм приказна во Македонија “#фотонанеделата“ организирана од телекомуникацискиот оператор оне.Вип.

Победничката фотографија е напревена во Центар, Скопје, со мобилен телефон, а е едитирана со алатките на Instagram.

Мила можете да ја контактирате преку нејзиниот Instagram.
Image may contain: one or more people and outdoor
СПОДЕЛИ
Претходна објаваVersace: Kолекција пролет/лето 2019!
Следна објава“Shinrin yoku”-wellness тренд кој го освои светот!
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР