Ако сакате да поминете неколку прекрасни денови на одмор во волшебна средина, посетете го Pink Sands Club Canouan

Сместено помеѓу пудресто бели плажи и кристално чисто море, ова магично одморалиште е едно од оние места од соништата, каде релаксација и комоцијата добиваат сосема ново значење. Додека сте таму, најверојатно ќе заборавите на вашиот дом, работа како и бучавата на еден урбан град.

Опкружен со најголемиот корален гребен на Карибите, на живописниот остров Кануан, ова одморалиште ги користи сите придобивки од својата природна околина. Ова место дише со аура на приватен рај, далеку од сите оние популарни туристички места кои се преполни со туристи. Целта на ова одморалиште е да се постави нов стандард кога станува збор за ултра луксузни одмори. Кој на тоа би кажал не?


СПОДЕЛИ
Претходна објаваДраматични нијанси, енергија и разиграност за 2018!
Следна објаваХороскоп за ден 08.05.2018 година!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР