Во музејот на современа уметност во францускиот град Calais,(Musee des Beaux-Arts de Calais) е поставена изложба со фотографии посветенa на големата љубов и можеби најконтроверзниот пар на сите времиња Jane Birkin  и Serge Gainsbourg.

Изложбата е реализирана благодарение на братот на Jane, познатиот режисер и сценарист Andrew Birkin од неговата добро сочувана архива од фотографии. Посетителите ќе ја имаат таа ретка можност да ги видат фотографиите направени во периодот од 1963 до 1979 година, по мислење на Andrew тоа се најдобро селектираните фотографии на славниот пар.

Jane Birkin  и Serge Gainsbourg станаа познати во јавноста и по нивната музичка нумера насловена како “Je T`aime…Moi non Plus”, која своевремено беше забранета да се емитува на тогашните радио станици. Нивната контроверзна и експлицитна и во едно гламурозна љубов, беше и остана култ на многу генерации.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР