Овен

Ве нервираат луѓето кои постојано ви кажуваат дека секогаш може да сметате на нив, да се јавите кога ви е потребно, а кога ви требаат немаат време за вас. Не се нервирајте поради нив, имате и други пријатели на кои можете да се потрпрете.

Бик

Повеќето од вашите идеи, мисли и планови не ги чувате само за себе, веднаш ги споделувате со другите. Но една работа сѐ уште е длабоко впишана во вас, а вие се прашувате што треба да направите. Би било најдобро ако на блиска личност со која се дружите и се диверите за тоа што ве мачи.

Близнаци

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

Рак

Овој викенд ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија и ќе претпочитате да ја поминете саботната вечер во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Не сте во врска? Поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу галама.

Лав

Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате во нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра.

Девица

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно и кога ќе имате повеќе информации, па затоа, прашајте ги луѓето околу вас за совет. Нема да можете да изберете што сакате. Подгответе се за нови нешта. Ако ви треба помош од партнерот или семејството, не плашете се да ги прашате.

Вага

Минатите недели се обидувавте толку многу за некои работи, но на крај ништо не испадна како што сакавте. Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.

Шкорпија

Се наоѓате во период на промени и сега е време своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите кои се околу вас, но постои граница која понекогаш е потребна да ја поставите. Ова не значи дека сите околу треба да ги игнорирате, ним и натаму им е потребна вашата помош, но откако ќе ја завршите својата работа во текот на неделата.

Стрелец

Пријателите нема да успеат потполно да ве разбират и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварите контакти со старите пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.

Јарец

Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку воља и желба, а денешниот ден е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.

Водолија

Викендов би можеле да ве вознемират некои спомени од минатото или средба со личност која не сте ја виделе многу долго. Бидејќи во вас ќе се појават силни чувства, бидете внимателни да не ве обземат и да го заборавите моменталното окружување.

Риби

Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Jane and Serge”-изложба на фотографии на славниот пар!
Следна објаваРесторан “Pink Zebra” инспириран од надреалните филмови на Wes Anderson!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР