Нема диплома без пиење вино …

Првите француски студии за вино започнаа во Стразбур: тоа е едногодишно студирање за дегустација на вино, педологија – науката за почвата и неврологијата која стои зад доброто вино.

Студентите можеби се познати по тоа  што сакаат некоја голтка повеќе вино, а на еден француски факултет тоа се претвори во вештина која може да им донесе и факултетска диплома.

“Тлото од каде што потекнува е живо, во него се случуваат сите видови на физички, биолошки и хемиски процеси”, вели професорот по географија Доминик Шварц кој ќе предава на факултетот со цел подобро да се разберат локалните карактеристики на виното, а не на начините на кои со индустриското производство може да се зголеми износот на количината.

Жан-Мишел Дајс, кој има свое лозје од 27 хектари во близина на факултетот и ги спонзорира овие судии, вели дека студентите ќе научат да направат разлика помеѓу вината “енергија од која ви течат лиги”  и од оние кои го немаат овој ефект.

Цената за овоие студии е нешто помалку од 5000 евра, што е многу ако се има во предвид дека многу факултети во Франција се бесплатни, но и малку ако цената се спореди со енолошките курсеви, кои немаат универзитетски печат.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОслободете со од пролетната алергија со вкусен пијалок!
Следна објаваРепертоар на Драмскиот театар Скопје од 16.04 до 22.04.2018
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР