Постојат книги кои секоја жена треба да ги прочита.

Најдобрите книги со причина се дефинирани како класици. Тие се напишани од најголемите умови на литературата, имаат универзални теми, ликови, искуства и емоции кои и денес, се уште се важни.

Ние ќе ви претставиме 10 книги за кои веруваме дека дефинираат  пресвртници во нашата книжевна традиција, а кои ќе ви помогнат да станете слободни и самосвесни жени. Некои од нив се познати класици, други се модерни дела. Сите се вредни да се прочитаат барем еднаш во животот.

Почнуваме со: Cимон де Бовоар

“Вториот пол” – Cимон де Бовоар

Овие речиси осум стотини страници се вредни за читање, бидејќи тие ќе ви помогнат да го погледнете целиот свој живот од друга перспектива.

За прв пат, книгата беше објавена во 1949 година, кога, се разбира, таа предизвика фрустрација кај мажите, но и кај некои жени. Широка дискусија за состојбата на жените во општеството во текот на историјата, предизвиците на бракот и мајчинството и можноста жената сама да одлучи дали или не, да стане мајка и сопруга, сексуалноста, невиноста, за работата на жените, за книжевните женски ликови и многу други теми, авторката се обидува да проникне во суштина на жената, а сето тоа влегува во филозофската насока на егзистенцијализмот.

Во оваа книга, Симон дошла до заклучокот дека една жена не се раѓа, туку станува жена. На крајот од својата книга дава јасни насоки за тоа како да се ослободи од оковите на патријархатот и како во животот да работи исклучиво што самата посакува. На нас останува, всушност тоа и да го примениме.

Биографија

Симон де Бовоар е ќерка на Жорж де Бовоар, адвокат и актер и Франсоа Брасур, млада жена од Верден. Родена е во Париз како Симон Луси Ернестин Мари Бертранд де Бовоар таа своето основно образование го стекнува во католичко училиште за девојчиња. Овие училишта во тоа време биле гледани како места каде што девојчињата се образуваат да бидат мајки и сопруги, а не како место каде што детето ќе стекне знаење. По Првата светска војна, таткото на мајка и Густав Брасур, претседател на банка банкротира и целото негово семејство запаѓа во тешка сиромаштија. Семејството морало да се пресели во помал стан, а Жорж де Бовоар се враќа на работа, врската меѓу нејзините родители започнува да страда.

Симон била свесна за желбата на нејзиниот татко да има син, наместо две ќерки (таа и нејзината сестра Хелен де Бовоар која е позната сликарка). Нејзиниот татко често пати и вели на Симон дека има мозок на маж, така што таа уште на рана возраст е најдобар ученик во нејзиниот клас. Жорж де Бовоар ја пренесува својата страст кон литературата на својата ќерка Симон. Подоцна тој станува свесен дека само успех во образованието може да им помогне на неговите ќерки да не живеат во сиромаштија.

Уште на 15 години, Симон одлучува дека ќе стане познат писател. Таа е успешна во многу предмети, но особено ја интересира филозофија и токму тоа го студира на Универзитетот во Париз. На факултетот Симон се сретнува со многу млади интелектуалци меѓу кои и Жан Пол Сартр.

Кариерa

Откако дипломира математика и филозофија, таа започнува да студира математика на Католичкиот Институт и литература и јазици на Институтот Света Марија. Подоцна студира филозофија на Сорбона. Во 1929 година, додека е на Сорбона, Бовоар студира на École Normale заедно со Сартр. Во 1929 година, на 21 година Симон станува најмладиот студент кој се здобил со agrégation (висока диплома во францускиот образовен систем) во областа на филозофијата, и станува деветта жена која ја поседува оваа диплома. На крајните испити таа добива второ место а Сартр со 24 години е првиот. Според биографијата на Деидре Бар од 1990 година за Симон де Бовоар, комисијата се размислувала кому да ја даде оваа висока почест на Сартр или на Бовоар. На крајот награден бил Сартр. Додека е на Сорбона, Бовоар се здобива со својот животен прекар Кастор, што на француски значи “дабар” заради нејзината анимална етика кога станува збор за работата.

Во 1943 година Бовоар ја објавува книгата “Таа е тука за да остане”, роман која ја бележи нејзината врска со Жан Пол Сартр, Олга Косакиевиц и Ванда Косакиевиц. Олга била една од студентките во Руенскиот колеџ каде што Бовоар предавала во раните триести години. Олга била нејзина миленичка. Сартр ја прогонувал и и се додворувал на Олга, но таа постојано го одбивала, затоа тој започнал врска со нејзината сестра Ванда. Сартр ја издржувал Олга со години сè додека таа не го сретнала нејзиниот сопруг и љубовник на Симон де Бовоар Жак Лорен Буст. До својата смрт Сартр ја издржувал нејзинта сестра Ванда. Во романот кој е лоциран пред почетокот на Втората светска војна, Бовоар создава еден лик кој е мешавина од Олга и Ванда. Во романот Бовоар и Сартр живеат во тројка со една млада жена. Романот ја опишува комплексната врска на Бовоар и Сартр и влијанието на ménage à trois (тројката во врската)

Метафикцискиот роман на Бовоар “Таа е тука за да остане” е проследен со многу други дела како што е “Мандарин” за кој ја добива најпрестижната француска награда за литература Prix Goncourt. Мандарин се случува на крајот на Втората светска војна и ги опишува Сартр, Нелсон Алгрен како и многу други филозофи и пријатели на Сартр и Бовоар.

Во 1944 година Бовоар ги пишува Pyrrhus et Cinéas дискусија за егзистенцијалистичката етика што претставувало инспирација за таа да напише уште многу есеи на оваа тема. Книгата “Двосмислена етика” од 1947 година е можби најмаркантниот влез во францускиот егзистенцијализам.

Интересно е што славната француска писателска двојка Жан Пол Сартр и Симон де Бовоар пред 50 години ноќевале во некогашниот хотел „Македонија“ во центарот на Скопје. Во 2006 година петте децении од посетата на Сартр и Бовоар на Скопје беа одбележани во Друштвото на писатели на Македонија, во соработка со Францускиот културен центар и Амбасадата на Франција во Македонија.

Нејзиното име денес важи за едно од најпроментните имиња во современата философија, а нејзината слава значително се зголемува по нејзината смрт во 1986 година, што е во хронолошка компатибилност со развојот на постмодернистичките теории за правото, за кои, несомнено исклучителен придонес има нејзинта извонредна дејност и пишан збор.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 12.04.2018 година!
Следна објаваСликите на François Bard – инспирација на колекцијата Dior Homme!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР