Овен (21.03 – 20.04)

Работата со странци за вас е голем предизвик и со нетрпение чекате да се слушнете со оние кои можат да ви обезбедат нешто такво. Малку сте наивни и мислите дека се ќе се одвива без проблeми, но најпрво распрашајте се за условите за работа и начинот на плаќање.

Бик (21.04 – 21.05)

Се обидувате да ја поправите финансиската ситуација која не е сјајна, но не е ни толку лоша како што мислите. Бидете помалку отворени кон оние кои не ги познавате доволно за да не мора да го објаснувате она што сакате да го премолчите. Можна е средба со некој роднина.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Може да започнете со некои деловни потфати кои сигурно ќе ви се исплатат. Многу сте остроумни и овој ваш квалитет доаѓа до израз во некое поголемо друштво. Денес можете да очекувате поддршка од една Водолија.

Рак (22.06 – 22.07)

Не навлегувајте во расправии околу хонорарот, особено во врска со работата која ја работите за странци или е во врска со странство, бидејќи можете да ја истакнете правдата, но и да ја изгубите шансата за продолжување на соработката.

Лав (23.07 – 22.08)

Добро комуницирате и со оние кои не ги сакате, бидејќи успевате сите да ги разоружате со љубезност и внимание. Некој ќе посака да се сретне со вас и да ви раскаже некоја негова тајна. Не бидете недоверливи, дадете му шанса.

Девица (23.08 – 22.09)

Односите со деловниот партнер не се сјајни бидејќи ниту еден од вас не сака да попушти околу некои мали нешта. Можно е навистина да не се разберете бидејќи секој од вас има свои потреби и секој ја гледа ситуацијата од свој агол. Ако подолго време сте на ова работно место вреди да попуштите, за да не дојде до непотребни конфликти.

Вага (23.09 – 22.10)

Со љубезност успевате да придобиете некој кој во последно време бил прилично непријатен кон вас или сте го доживувале како личност која ве игнорира. Тоа може да биде деловниот партнер, но и некоја личност која ви е драга, можно е и да е некој пријател.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добро се согласувате со Близнаците и Лавовите кои совршено ве разбираат кога станува збор за работата. Би требало да им се посветите на вашите интереси бидејќи имате шанса да успеете во работата која можеби сега ви е хоби или со која во моментов се бавите.

Јарец (22.12 – 20.01)

Немате добра комуникација со некој Лав, но кон него вие сте премногу чувствителни. Тоа особено се однесува на оние кои се родени во втората половина на јануари. Можете да очекувате, да добиете понуда за која сте сонувале, но прашањето е дали ќе ја прифатите. Некој сака да ве сретне бидејќи долго време ве нема видено.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сите разговори кои ги водите во врска со новата работа би требало да ги обавите со некој Стрелец, бидејќи во спротивно можете да наседнете на некои неискрени муабети. Имате доверба во некој Бик и Вага. Некој Јарец ќе ви понуди нова работа.

Риби (20.02 – 20.03)

Многу претставници на вашиот знак може да се чувствуваат многу иритирачки, особено за работи кои се во врска со некоја Водолија или Близнаци. Ќе добиете голема морална поддршка од страна на еден Рак кој секогаш имал голема доверба во вас и вашата способност.

СПОДЕЛИ
Претходна објава Red Valentino – колекција пролет/лето 2018 година!
Следна објаваКниги кои секоја жена треба да ги прочита!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР