Дали фамозниот парфем “Coco Mademoiselle” се наоѓа на вашата тоалетна маса?

Сите обожувачи на овој култен Шанелов парфем, ќе ги израдува веста дека тој ќе ја добие својата посовремена варијанта. Луксузното-шик шишенце со голема доза на романтика ја освои женската популација за многу кратко време, откако за прв пат се појави во 2001 година. Вистината е дека овој парфем единствен кој го има статусот на “икона”помеѓу парфемите.

Новата регенерирана верзија на парфемот останува верна на ориенталниот извор.Се уште ќе може да се почувствува мирисот на сицилијанскиот портокал и мирисот на бергамот.

За да го подигне на повисоко ниво, Оливие Полже главниот лик во изработка на парфемите во Шанел, додаде поголема доза на лисја од пачули помешани со ванила.

Суптилна комбинација во која со сигурност ќе се вљубите на прв поглед.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР