Лондонската 02 Arena, ќе биде домаќин на ретроспективната изложба посветена на легендарниот музичар Prince.

Изложбата насловена како “My Name Is Prince”, ќе биде отворена на 27-ми октомври, а посетителите ќе имаат можност 3 недели да ги разгледаат: костимите кои музичарот ги носеше на своите концерти, гитари, рачно напишани текстови и лични предмети.

Изложените предмети најчесто доаѓаат од неговиот имот Paisley Park во Минесота. Една од организаторите е и неговата сестра Tyka Nelson, која вели дека е многу возбудена заради запознавањето со неговите обожаватели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНамирници кои го спречуваат лошиот здив!
Следна објаваНова колекција чанти на Louis Vuitton – Twist MM Monogram!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР