Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!

Александар Наумчески

(трет пат со победничка фотографија)

Image may contain: 1 person, sunglasses and close-up

Архитеткт кој аматерски се занимава со фотографија, зад себе со учество на неколку групни изложби и една самостојна во мај 2016 под наслов „Имагинарен Град“.

„Мотивите кои ги забележувам во просторот околу мене се тесно поврзани со мојата професија и најголемо задоволство ми претставува да ги пренесувам приказните на градските форми, детали и бои. И во двата случаи композицијата е од пресудна важност, во архитектурата тежнееме кон хармонизирање на волумените и просторот кој ги создаваме, во фотографијата тежнееме кон хармонизирање на кадарот.“

Фотографијата е колаж од два кадри, урбана сцена од Букурешт плус скопски прозорци на портокалов ѕид. Обработката е направена со мобилните апликации Snapseed и PhotoLayers.
Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Facebook или Instagram.
No automatic alt text available.

Александар Костадинов

(втор пат со победничка фотографија)

Image may contain: 2 people, people sitting, sunglasses and outdoor

Со инспирација за документација на природата, Александар е аматер – фотограф, кој се стреми кон професионализам.

Победничката фотографија е направена во Гевгелија. Објектот е гратската библиотека, која е во стилот на старата гратска архитектура.

Со фотографот можете да стапите во контакт преку неговиот Instagram или e-mail(acec65@hotmail.com).

Image may contain: house and outdoor

Гага Угуровска

Image may contain: 1 person, phone, drink and indoor

Гага е фотограф – аматер, која веќе зад себе има неколку професионални ангажмани за фотографирање на храна.

Победничката фотографија е направена во Берово, во Аурора ресорт и спа со NIKOND3300, 35mm, а е едитирана во Adobe Lightroom.

Контакт со Гага можете да воспоставите преку нејзиниот Instagram.
Image may contain: 1 person, text and outdoor

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 Успешни и богати директорки!
Следна објаваПариз под инфрацрвена
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР