10 Млади, згодни, моќни и успешни директорки!

Погледнете за кои личности и професии станува збор…

10 .Tyra Banks – 90 милиони долари
Тајра Бенкс можеби е на 10 место на нашата листа, но сепак е меѓу најбогатите  директорки. Ова поранешна манекенка, водител и телевизиска икона, сега доминира во светот на бизнисот и има над 90 милиони долари во својот џеб.

9. Alexa von Tobel -100 милиони долари
Деветтата дама на нашата листа е Алекса фон Тобел, која е “тешка” 100 милиони долари. Таа ги напушти студиите по бизнис на Харвард и успешно ја лансираше компанијата LearnVest. Нејзината онлајн заедница ви дава можност да управувате со вашите финансии со многу малку труд.

8. Sophia Amoruso – 250 милиони долари
Тетовираната Amoruso е на осмото место, со вредност од околу 250 милиони долари. Таа има 29 години и ја започна својата империја наречена Nasty Gal, како e-bay онлајн продавница, специјализирана за женска гардероба. Таа сега има база на клиенти  со повеќе од 550.000 и околу 100 милиони приходи годишно. Компанијата Nasty Gal, беше именувана како најбрзо растечка компанија за продажба од страна на Inc. магазинот.

7. Marissa Mayer  – 300 милиони долари

Поранешната директорка на Google, а сега извршна директорка на Yahoo Marissa Mayer е седма на нашата листа, а вреди околу 300 милиони долари. Во Google, таа беше првата жена инженер која беше вклучена во корпоративните работи додека таа не стана потпретседател, по што таа се пресели во конкурентската компанија Yahoo. Откако стана извршен директор, таа му даде нов живот на Flickr, создаде нова home страница и ја купи компанијата Tumblr.

6. – Jennifer Hyman -300 милиони долари

Извршната директорка на Rent the Runway е шестата на нашата листа со вредност од 300 милиони долари. Таа разви една идеја за сопствена компанија, еден ден кога таа и нејзината сестра немаа што да облечат. Како резултат на тоа, таа создаде бизнис кој изнајмува дизајнерски фустани и додатоци. Првично, тоа беше онлајн компанија, а сега е во форма на вистинска продавница.

5. Tory Burch – 1 милијарда долари

На пето место е модната дизајнерка Тory Burch, која може да спие мирно, бидејќи вреди милијарда долари. Таа ја создаде милијардерската индустрија за помалку од десет години и ја основаше Фондацијата Tory Burch, која инвестира во бизнисите на жените низ целиот свет.

4. Katia Beauchamp & Hayley Barna –  1 милијарда долари

Хејли Барна и Кејти Бошамм го заземаат четвртото и третото место на нашата листа и тоа со причина.

Katia Beauchamp & Hayley Barna – секоја по 1 милијарда долари 
Тие се извршните директори на компанијата Birchbox која се занимава со лична нега, а двете имаат вредност од 1 милијарда долари. Тие се запознаа на Харвардската бизнис школа и така започнала нивната авантура.

2. Leslie Blodgett – 1.7 милијарда долари
Извршната директорка на компанијата Bare Escentuals е на второто место на нашата листа и вреди околу 1,7 милијарди долари. Нејзината компанија започнала како мал производствен погон на производи за бањање и нега на телото, а веднаш потоа забележала можност за продажба на козметика, која е базирана на здрави минерали. Откако се здружи со QVC, нејзината продажба се искачи до небото, па компанијата ја продаде на јапонскиот могул за убавина Shiseido.

1. Dylan Lаuren – 7.5 милијарди долари

Таа е ќерка на Ралф Лорен и e основач на компанијата Dylan’s Candy Bar, а се наоѓа на прво место на нашиот список – jа поседува најзначајната и најголема продавница за слатки во светот, која започнала со работа во 2001 година. Постојат гласини дека нејзиниот познат татко сакал да направи парфем со нејзиното име, но таа го одговорила од тоа. Таа сака нејзиното име да се поврзува исклучиво за нејзиниот бренд.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДеца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто!
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР