Нутриционистите се согласуваат: Бананите се најлошата храна што можете да ја одберете за појадок. Зошто е тоа така? Еве ги сите детали…

Време е за појадок, се обидувате да бидете здрави и одбирате овошје. Бананите секако се наоѓаат на самиот врв на изборот. Овие жолти плодови обезбедуваат енергија, ве заситуваат и здрави се. Благодарение на високата содржина на калиум и магнезиум, бананите се добри за срцето и мускулите и исто така имаат високо ниво на витамин Б6, што е важно за нашиот нервен и имунолошки систем.

Но, ако бананите се толку здрави, зошто не смееме да ги имаме за појадок?

“Бананите се најлошиот избор за доручек”, предупредува нутриционистката dr. Daryl Gioffre, пронаоѓач на “Alka Mind на исхрана”, во интервју за Byrdie. Причината за ова е нивната висока содржина на фруктоза.

Бананата изгледа како совршена опција за брза закуска наутро, но гледајќи поблиску, ова овошје не е најдобриот избор, бидејќи има 25 отсто шеќер и умерена киселост.

Фруктозата предизвикува брзо зголемување на инсулинот. По брзиот раст, многу брзо и паѓа, а резултат на тоа е желбата за храна, тешкотии во концентрацијата и замор. Високата содржина на шеќер исто така ферментира во телото, со што се забавува дигестијата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит костум од Zarа кој го имаат сите блокерки!
Следна објаваШангај од птичја перспектива
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР