Маракеш е една од оние егзотични дестинации кои ви нудат незаборавен одмор, а хотелот Dar Ayniwen Villa Hotel е дефинитивно најдобрата почетна точка за истражување на овој уникатен дел од светот …

Сопствениците на овој прекрасен бутик хотел создадоа прекрасна оаза каде можете да се одморите, да ги наполните батериите и да ги заборавите сите ваши грижи додека уживате во уникатниот идентитет на Маракеш.

Dar Ayniwen Villa hotel ви посакува добредојде со релаксирачки вибрации, удобност и луксуз, кои дефинитивно ви требаат по зафатениот ден во градот.

Патувањето кон таква единствена дестинација е возбудливо и многу моќно само по себе, поради живописната култура и активности што ве опкружуваат каде и да одите.

Хотелот се наоѓа во прекрасен парк, кој има прекрасен поглед кон планинската област Атлас и околните градини, кои сигурно ќе ве доведат во мирна состојба на умот.

Во понудата на овој хотел има само осум апартмани, при што секој од нив е волшебен со раскош и луксуз, придружуван од интригантните парчиња мебел, ориентални слики и старински теписи.

Базенот на отворено, на некој начин се чини дека не се вклопува во целата приказна ако го споредите со традиционалниот хамам и просторијата за масажа, но сигурно тоа е добредојден додаток.

Тогаш кога сонцето ќе го достигне својот зенит и ќе ја подигне температурата, релаксирањро во базенот ќе ви доје како шлаг на торта. Дали сте подготвени за авантура?

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФантастичен луксуз на рустикален и индустриски стил!
Следна објаваТеписи: Покажете автентичност!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР