Дали сте забележале дека сите околу вас повторно кашлаат и ги бришат носевите? Дали и вас ве фати настинката? Ако е така, тогаш има некои работи што треба да ги избегнете, а ние ќе ви кажеме кои.

Во принцип, топол чај е секогаш добра идеја ако сте фатиле настинка, но обидете се да ги избегнете овие чаеви:

Чај од нане
Чајот од нане ја суши слузокожата, ако често се конзумира. Ова значи дека ако сте настинати, чајот од нане не се препорачува. Меѓутоа, ако тоа е единствениот чај во вашата кујна, не двоумете се да се напиете една шолја.

Чај од ѓумбир
Чајот од ѓумбир има ефект на разредување на вашата крв, и треба да бидете внимателни со неговата консумација, односно консумирајте го во помали количини.

Најдобар чај во третманот на воспалителни процеси, како што е воспалено грло е чајот од жалфија.

За продуктивна кашлица односно искашлување се користат чаеви од темјан, анасон, бршлен, мајчина душица, еукалиптус, бозел, бор и лопен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпасени кутриња наместо букети!
Следна објава7 Неверојатно смели авантури!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР