Сите мечтаат за одмор и патување во некои далечени и егзотични дестинации. Но, што ако за некои луѓе пиењето на тропски коктели, пливањето и сончањето не е доволно?

За многу авантуристички настроени луѓе и за тие кои адреналинот ги поткрева – одмор и патување до саканата авантуристичка дестинација се настани кои ќе ги паметат цел живот.

Пливајте со свињи на Бахамите
Покрај сите можни авантури како што се пливање со делфини, китови или желки, признајте дека не можете да си замислите пливање со свињи? Ако мислите дека свињите не пливаат, видот што живее на Бахамите плива и никој не знае како овие свињи станале вешти пливачи. Ќе ги најдете на плажата Pig Beach на остовото Big Major Cay. Тие се пријателски расположени. Фотографирајте се колку што сакате и споделете ја оваа авантура на социјалните мрежи.

Возете во летачки балон во Кападокија
Визењето во корпа со балон во Кападокија,Турција, е незаборавна авантура. Неверојатниот призор од височина на фантастичната природа, долините на лозовите насади и орхидеи, вреди да се памети цел живот.

Обидете се да зорбирате во Нов Зеланд
Дали сте слушнале за zorbing? Тоа е тркалање во сферичен проsирен глобус. Нов Зеланд направи атракција од ова. Роторуа во Нов Зеланд е првото место во светот што го организира овој вид на забава ,за сите туристи кои сакаат да имаат необична авантура.

Учествувајте во заштитата на морските желки во Костарика
Костарика нуди многу авантури кои вреди да се запаметат до крајот на животот, но во една, посебно ќе уживате. Волонтирање во борбата за заштита на големите морски желки од истребување. Освен тоа што работата со овие прекрасни суштества е чудесна, ќе направете една благородна работа.

Искачете се на Мачу Пикчу
Мачу Пикчу секако е едно од најпознатите места во светот и сите го фотографираат како најпосетена атракција во Перу. Иако повеќето туристи доаѓаат на овој локалитет со воз, секогаш постои опција да стигнете таму планинарејќи. Единственото нешто што треба да направите е да се најавите со организирана група, бидејќи не е можно сами да се впуштите во таква авантура.
Возете се во санки кои ги влечат кучиња во Шведска
Велат дека Дедо Мраз живее во Лапонија, во оваа магична земја на замрзната убавина. Замислете да влезете во авантурата со возење на санки влечени од кучиња? Тоа е врвна авантура. Експедиција на кучиња ќе ве води преку замрзнати реки, езера и долини. А доколку се плашите дека оваа авантура ќе ви ги заледи коските, сетете се дека по авантурата ве чека топла сауна и масажа.

Пливајте со кит – ајкула во Австралија
Во западна Австралија, северно од Перт е крајбрежјето Нингало, со должина од 260 км долг Нингало гребен. Водите во овој регион се дом на ретки подводни видови, а ова е и живеалиште на големите кит-ајкули.

Прекрасната работа што можете да ја направите е да пливате во друштво на овие гиганти, како и да ги видите најголемите раџи, пругасти делфини, желки … Сепак, ниедно искуства не може да се спореди со тоа како пливањето со кит ајкулите. Тоа е нешто на што ќе се сеќавате секогаш.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвие чаеви не смеете да ги пиете кога сте настинати!
Следна објаваНова мобилна апликација за возачите на Ford
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР