Би сакале ли да отпатувате на еднодневен шопинг во Големото јаболко?

Е оваа понуда важи ако сте моментално во Даблин!

Нискобуџетната норвешка авиокомпанија `Norwegian Air`, воведе линија од Даблин за Њујорк и тоа по два лета дневно. Ако се одлучите за утринскиот лет ќе имате можност да престојувате скоро цел ден во овој светски центар, а од аеродромот е организиран превоз со “Shuttle bus” кој директно ќе ве одведе до познатиот шопинг мол”Woodbury Common” и ќе може да уживате во шопингувањето.

Утринскиот лет е во 8.30 часот од Даблин, а пристигнувањето во Њујорк е во 10.30 бидејќи временската разлика не е многу голема.Откако ќе пристигнете имате скоро цел ден да уживате во вашите омилени активности. Прекрасна можност за една кратка авантура!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР