Со новата колекција за есен 2018 година, Том Форд нè води во еден не толку модно популарен период, познат по озлогласените 80-тите години на минатиот век.

Иако во неговата реализација, реинкарнираните модели изгледаат многу подобро. Американскиот дизајнер, во својата нова колекција прикажана на Моднате недела во Њујорк, нуди највпечатливи парчиња облека во кои доминираат леопарди, зебри и змии, печатени во силни бои, како што се виолетова, зелена или циклама. Многу познати манекенки ги носеа моделите на уште попознатиот  креатор, додека “pussy power”. Каја Гербер, секако, беше ѕвездата на ревијата.

Ќе се носат пуф јакни во пачворк стил, џемпери со декоративни детали, како и тесни панталони. Креаторот, исто така, покажа монохроматски одела, чии сакоа имаат малку поширока ревери, додека за свечените прилики и забави Форд предлага фустани на волани, како и супер-кроени костуми. Kitten -мачкастите штикли ќе продолжат да бидат модерни, како и чанти на кои доминираат слогани како  “pussy power”. Уште еден спомен од 80-тите, беа големите обетки кои ги носеле речиси сите манекенки.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПарфем на Tom Ford – Vanille Fatale!
Следна објаваEднодневен излет од Dublin во New York!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР