Ако некогаш сте биле на крстарење, тогаш знаете дека целото патување се врти околу дестинацијата …

Се разбира, некои крузери ветуваат незаборавно искуство и ниво на луксуз што многумина од нас можат само да сонуваат, но вистинската забава започнува тогаш, кога ќе се искрцате од бродот, откривате нов град, плажа и слично.

Norwegian Bliss е масивен крузер кој има за цел да го смени сето тоа и да го направи патувањето искуство за паметење, кревајќи ја забавата на бродот на едно сосема ново ниво.

Norwegian Bliss има најголема тркачка патека, воден парк со тобогани, арена за ласерски тагови и многу повеќе. Таму има настапи во живо на бројни забавувачи, а исто така има и спа центар, голем број на барови и ложи, додека личниот консиерж и батлер се на ваша услуга за да се погрижат секоја ваша желба да биде исполнета.

Опремен со необични атракции, овој крузер ќе ви докаже дека никогаш не може да ви  биде здодевно на палубата. Тој нè потсетува на пловечко луксузно одморалиште, кое многу веројатно, барем во еден дел од себе, нема да сака да го напушти..

Овој брод ќе ги посети Карибите и Аљаска за време на претстојното лето …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСевиља е топ дестинација за 2018 година!
Следна објаваТоп 3 #DivianArts инстаграм фотографии за оваа недела!
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР