Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен  фото натпревар на Instagram!


Андроники Антонијадис

Андроники е ентузијастична млада фотографка која инспирацијата за аматерската фотографија ја црпи од детализираната архитектура. Нејзината цел е да ги прикаже деталите кои, поради задлабоченоста во нашите мисли, ги одминуваме без воопшто да ги забележиме.
Научив дека и покрај многубројните предмети, во архитектурата е неизбежна и фотографијата. Со фотографија се занимавам аматерски иако до сега сум учествувала на повеќе работилници, проекти, изложби… Фотографирам различни теми од кои најчесто на својот инстаграм профил споделувам архитектура или детали од секојдневието во кое сите некаде брзаме и не обрнуваме внимание или имаме различна перцепција до нив. Конкретно избраната фотографија е направена во галерија во Љубљана за време на изложба. Контрастот и ефектот на силуета е добиен по природен пат со тоа што светлината доаѓа од позади објектот. Освен минимални корекции на сликата не се користени никакви ефекти и токму тоа за мене претставува предизвик иако некогаш сакам да си ‘поиграм’ со фотографиите користејќи Photoshop доколку се работи за поголема резолуција или едноставни алатки од телефонот за фотографии споделени на социјалните мрежи.
Победничката фотографија е направена во галерија во Љубљана, а притоа не се употребени ефекти, освен мали поправки.
Контакт со фотографката можете да воспоставите преку androniki.antonijadis@hotmail.com или  Instagram


Бојан Гиевски

Бојан Гиевски е урбан аматер – фотограф, кој својата креативност ја експресира преку документирање на неговите патувања.
“Љубовта кон убава фотографија потекнува од многу одамна, но пред неколку години прерасна во вистинска пасија. Сега за сега, ова го правам само аматерски, за своја душа, со мојот мобилен телефон кој секогаш го имам при рака, за да можам, она како се вели “capture the moment”. 
Она што најмногу сакам да го фотографирам се секако моменти од неговите патувања. Сакам да патувам, а искрено, и многу често патувам, така што секогаш имам подготвено добра фотографија од моите патувања. Следете ме, ќе следуваат уште многу нови и интересни фотографии. “
Победничката фотографија е направена на Кнез Михајлова во Белград. Инспирацијата за сликата беше моментот кога почна да врне првиот снег оваа зима и празничната магија која владееше во тој момент.
Контакт со Бојан можете да воспоставите преку Instagram 

Роберт Крстевски  

За Роберт фотографијата е негова омилена пасија. За себе вели дека не можам да каже дека е аматер, но исто така треба уште многу да учи за да стане она кон кое секој фотограф тежнее, а тоа е секако усовршувањето во оваа област.
Неполни четири години го води блогот  robertkrstevski.blogspot.mk, каде ги објавува неговите фотографии. Исто така активен е и на социјалните мрежи, најмногу на инстаграм.
Победничката фотографија е дел од БЛОЖИЌ, односно предпразничен блог на фотографот во кој учествала Сара Гаврилова.
“Најзабавни и најпредизвикувачки за фотографирање ми се моментите кои ги поминувам со домашните миленичиња, односно мачките. Се трудам да дофатам што е можно поневообичаен момент од нивното битисување и нивниот карактер. Исто така уживам да се „изгубам” во природата и да ја доловам нејзината убавина на најдобар можен начин.”
Контакт со Роберт можете да воспоставите преку Instagram.


За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваNorwegian Bliss – масивен крузер со поинаква забава!
Следна објаваНајважни 3 трендови на фармерки во 2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР